fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

АХВ: Да се избегнува користење на кафемати

Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува да се избегнува користење на апаратите за автоматска  подготовка на кафе и апаратите за вода, кои се поставени на јавни површини.

Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот КОВИД 19, во услови на прогласена пандемија, постапувајќи согласно донесените мерки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразата, Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува да се избегнува користење на апаратите за автоматска  подготовка на кафе и апаратите за вода, кои се поставени на јавни површини.

Препораката се однесува и на сите останати субјекти и компании кои користат вакви апарати и каде пристап и контакт со нив имаат поголема група на луѓе.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, а со тоа и за здравјето на граѓаните, цениме дека во услови на прогласена пандемија со корона вирусот и можноста од пренесување на заразата преку контакт, исклучувањето на употребата на апаратите за автоматска подготовка на кафе и апаратите за вода претставува елиминирање на една од можностите за контактно пренесување на вирусот од едно на друго лице.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close