fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

АХВ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за квази стручно вознемирување за птичјиот грип, ги чека финалните резултати

Најостро го осудуваме обидот на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение непотребно да ја вознемири јавноста, бомбастично, квази стручно, пласирајќи ја информацијата за појава на птичји грип во земјава и за наводното непреземање мерки, реагира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Најостро го осудуваме обидот на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение непотребно да ја вознемири јавноста, бомбастично, квази стручно, пласирајќи ја информацијата за појава на птичји грип во земјава и за наводното непреземање мерки, реагира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

-Агенцијата за храна и ветеринарство ги чека финалните резултати од дополнителните молекуларни тестирања на база на секвенционирање за утврдување на патогеноста на вирусот на авијарна инфлуенца H5N1 кои ги врши Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Согласно меѓународно пропишаните дијагностички протоколи на Институтот, со дополнителните тестирања треба да се утврди поттипот на вирусот. Присуството на вирусот H5N1 беше констатирано вчера попладне, по поставениот сомнеж на авијарна инфлуенца и Њукастелска болест кај живината, со лабораториско испитување на мостри од два угинати лебеда и една дива патка од станбениот комплекс Свети Јован во скопско Злокуќани. Мострите за лабораториско испитување до Факултетот за ветеринарна медицина доставени се од лице од комплексот во Злокуќани, информира АХВ.

Според Агенцијата, по добиеното известување, од страна на официјални ветеринари на АХВ навреме се преземени законски дефинираните мерки, а во комплексот, каде како миленици на отворено се чувале лебеди, гуски и диви патки и 18 кокошки во кафези, се спроведуваат мерки за заловување и депопулација на птиците. Мострите од заловените птици ќе бидат лабораториски испитани на Ветеринарниот институт.

-Согласно дефинираните оперативни процедури на АХВ при појава на болести кај животните, денес, состанок одржа и Националниот центар за контрола на болести, на кој се дефинираа идните активности кои ќе се преземат за ставање под контрола и искоренување на болеста. Во текот на денот ќе биде донесено решение со кое ќе се дефинираат мерките кои ќе се спроведат во заштитната и зоната под надзор околу жариштето на болеста во скопско Злокуќани. Иако присуството на вирусот не е потврдено на фарма, туку кај птици кои се чувале на отворено, апелираме до одгледувачите, бисигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината. Состојбата со авијарна инфлуенца во светот, на дневна основа, АХВ ја следи преку порталот на Светската организација за здравствена организација на животните – ОИЕ и презема соодветни мерки, објаснува Агенцијата.

Птичјиот грип е зооноза и од неа првенствено заболуваат птиците, но, можно е да заболат и луѓето кои подолго време имале контакт со заболена живина. Болеста може да предизвика големи економски загуби во живинарството, а кај птиците кои се чуваат како миленичиња и дивите птици, птичјиот грип предизвикува висока стапка на смртност.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close