АХВ ќе промовира кампањи за значењето на означувањето на храната
Проектот вреден 1,6 милиони евра, се реализира изминатите две години во рамки на ИПА 2015, со финансиска поддршка од Европската унија.
Со промоција на две кампањи за подигнување на јавната свест за значењето на означувањето на храната, со фокус на здравствените тврдења и за подобрување на пасивниот надзор над болеста беснило, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го одбележува завршувањето на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи”.
Проектот вреден 1,6 милиони евра, се реализира изминатите две години во рамки на ИПА 2015, со финансиска поддршка од Европската унија.
Носител на проектот е АХВ, но се спроведуваше во соработка со Фитосанитарната управа, Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На промоцијата, покрај директорот на АХВ, Николче Бабовски, ќе присуствуваат и Трајан Димковски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Штефен Худолин, раководител на секторот за операции при Делегација на ЕУ во Скопје.