fbpx
Вести

Средба со откупувачите на пролетна зелка во МЗШВ

zelka

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска ќе се одржи работен состанок со откупувачите на пролетна зелка.

Главна тема ќе биде како да се одржи откупната цена на зелката на задоволително ниво.

Состанокот следува по завчерашната средба на призводителите во МЗШВ на која беше побарано во наредните две недели откупната цена на пролетната зелка да се задржи на сегашните 30 денари за да се покријат трошоците и производството да биде рентабилно.

Министерството тогаш најави дека состојбата со откупната цена ќе се следи континуирано за навреме да се преземаат мерки, а земјоделците да не трпат ценовни шокови. Паралелно се работи и на долгорочна стратегија за обезбедување сигурен пласман и создавање цврсто договорно производство меѓу земјоделците и откупувачите.

Еден ден пред состанокот во МЗШВ, производителите одржаа предупредувачки протест во Муртино.

Пролетната зелка во моментов се извезува во Русија, Полска, Романија, Белорусија и Украина. Интересот за откуп е голем, поради што не се очекува вишок.


 

сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close