АХВ отстапи две прскалки за дезинфекција на МВР и ЦУРСМ
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денес отстапи на користење уште две автоматски прскални за дезинфекција на возила на Минсистерството за внатрешни работи и Царинската управа на Република Северна Македонија, како дел од институционалните активности за поддршка на реализацијата на мерките на Владата во борба со Корона вирусот. Прскалкте МВР ќе ги постави во касарната во Ѓорче Петров, а Царинска управа на граничниот премин Табановце.
Минатата недела, покрај дел од средствата за еднократна заштита, исти вакви автоматски прскалки за дезинфекција на возила, АХВ отстапи на користење на Дирекцијата за заштита и спасување. Опремата е во фукција и се користи за автоматска дезинфекција на возила на влезот/излезот на општините Дебар и Центар Жупа.
Како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојба на животните, АХВ посветено работи и на активна едукација на граѓаните и компаниите за тоа како треба да се постапува со храната, во услови на прогласена пандемија со вирусот КОВИД 19. Од почетокот на кризата досега, како општествено одговорна институција, АХВ подготви и преку медиумите објави препораки за постапување на бизнисите и операторите со храна во време на пандемија со Корона вирусот, за безбедно подготвување храната во домот, препораки за потрошувачите за начинот на органзирање и безбедно пазарење во време на пандемија.
На интернет страната на АХВ – www.fva.gov.mk – банер Препораки КОВИД 19, операторите со храна и граѓаните може да се информираат за донесениот сет на мерки за обезбедување безбеден и непречен проток на стоки и животни, засилените вонредни контроли кои ги спроведува Агенцијата во овој временски период, како и за начинот на функционирање на институцијата со странките во услови на прогласена пандемија.