fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Штип е општината со најмногу собран отпад за 2021 – собрани 86.000 кг отпад

„ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД | За чисто како дома исто„ е првиот од двата дела од еколошката акција наречена “ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА”.

„ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД | За чисто како дома исто„ е првиот од двата дела од еколошката акција
наречена “ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА”.

За време на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД помеѓу 6-16 Мај 2021, граѓаните и локалните комунални
претпријатија во десет општини во нашата држава собираа и селектираа отпад во нивната околина.
Овој отпад подоцна беше собран, измерен и рециклиран од Пакомак.
За секое 10 кг отпад Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донира по едно
дрво, една садница, што ќе бидат засадени во област каде ќе расте таа шума. Точната локација на
СОНЧЕВА ГОРА ќе биде објавена во летото 2021. Садењето на шумата „СОНЧЕВА ГОРА„ е
вториот дел од ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА, што ќе се случи во Ноември 2021.
ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА треба да прерасне во национална традиција секоја година: секоја пролет ќе
биде одреден викенд кога граѓаните ќе ја чистат од отпад нивната околина и за секои 10 килограми
отпад секоја есен ќе биде засадено по едно дрво.
Што се случи во 2021
Во првата година на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД учествуваа точно 1.000 учесници од невладини
организации, спортски клубови, училишта, градинки, еколошки здруженија, вработени во
општините, СОНЧЕВИ ПИОНЕРИ и Мен енд маунтен ДОО и се собираше отпад на повеќе од 70
локации од 6. – 16. May 2021 во следниве општини:
• Дебар
• Демир Капија
• Гевгелија
• Крива Паланка
• Крушево
• Куманово
• Штип
• Струмица
• Охрид
• Велес
И собравме:
• 5.350 кг пластика
• 3.955 кг хартија
• 73 кг лименки
• 2.038 кг стакло
• 360 кг електронски отпад
• 163.405 кг комунален отпад
Секој учесник – од дете до возрасни – собра во просек 11,8 кг отпад – со своја рака!
Армијата на Северна Македонија заедно со општините, невладините организации и спасувачките
екипи собраа повеќе од 726 m³ разновиден отпад со просечна проценета тежина од 225 кг по m³!
Заедно вкупно собравме 175.181 кг.

Општината со најмногу собран отпад за 2021 е:
ШТИП со 86.000 кг собран отпад

Им честитаме на учесниците – Благодариме

Во име на сите учесници, компании и институции што учествуваа и ја поддржаа акцијата
“ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД | За чисто како дома исто 2021” и овозможија да стане реалност, ние –
Гордана Софија и Ханес Јаецкл од МЕН ЕНД МАУНТЕН ДОО | MMXX Скопје – сакаме да ви
се заблагодариме за поддршката, довербата и вербата дека..

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close