fbpx
Агро бизнисВести

Ајварката на пазарите 100 денари за кг. во маркетите достигнува цена и до 170 денари за килограм

На зелените пазари, цените се нешто пониски, но и таму цените на пиперот се движат од 60 до 100 денари за килограм.

Граѓаните се шокирани од високите цени на пиперките, кои во маркетите достигнуваат цена и до 170 денари за килограм. На зелените пазари, цените се нешто пониски, но и таму цените на пиперот се движат од 60 до 100 денари за килограм. На пазарите веќе може да се најде и пипер за ајвар, кој се продава по 100 денари за килограм.Килограм од овие пиперки во просек чини 110 денари, а најскап е во Охрид, каде што се продава за дури 150 денари.

Претседателот на Сојузот на земјоделците од Струмица, Ристо Велков, за весникот ВЕЧЕР вели дека цените се високи бидејќи нема доволно количини, а и климатските промени си го направиле своето.

– За десетина дена ќе почне бербата на ајварката, која оваа година ќе биде поскапа од лани. Причината за високите цени се намалените површини, климатските промени и немањето работна сила. Површините со ајварка годинава се намалени за 20 отсто, поради климатските промени, родот е проретчен, а мал дел од пиперот е оштетен од дождот и градот – вели Велков.

Тој додава дека во моментов цената на свежата консумна пиперка е 60 и 70 денари за килограм, а на ајварката 100 денари за килограм.Повеќе на линкот https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close