fbpx
ВестиВкусот на традицијатаСоветиТоп вести

Производство на чери домати

Производството чери-домати се изведува во два периода и тоа пролетно производство и рано есенско производство со тоа што пластеникот е целосно искористен. Чери-доматите кај нас се среќаваат во повеќе региони каде што успешно се одгледуваат. Плодовите најчесто се среќаваат во продажба во маркетите, пазарите и хотелите каде што се употребуваат најчесто како декорација. Инаку, на пазарите достигнува висока цена бидејќи се смета дека чери-доматите содржат доста антиоксиданси и спаѓа во групата минијатурни и лековити плодови.


Постојат различни хибриди и сорти на чери-домати, различни по големина и боја. Плодовите се со тежина 10-12 грама, а на една цветна гранка може да има и до 150 плода. На отворено поле на едно растение може да се остават 4-5 цветни гранки или тоа е околу 5-6 кг по стебло. Најчесто се одгледува во пластеници во заштитен простор каде што се оставаат 7-8 цветни гранки или ако се пресмета во родност или принос, 10-12 кг по стебло. Во некои држави се одгледува во текот на целата година, на пример, во Израел каде што климатските услови се погодни за одгледување во текот на целата година. Кај нас може да се одгледува од почетокот на март, па сè до крајот на октомври.

Има исклучително сладок вкус и многу добро избалансиран однос на шеќери и вкупни киселини и затоа има вистински мирис на домат. Технологијата на производство на чери-доматите е скоро иста како и производството на обичниот домат. Обично на 1.000 м2 се засадуваат 3.000 растенија, колку и обичните домати.

Негата на посевот е идентична со обичните домати, но чери-доматот има многу повисок принос, посладок вкус и поздрав е за во исхраната, достигнува висока цена и доста е погоден за декорација. Што се однесува до набавка на семе и саден материјал во наредниот период се очекува да има доволно количество семе од чери-домати и ќе бидат понудени повеќе хибриди и сорти по облици и боја на пазарот и тоа од топчести до крушковидни форми.

Заштитата во текот на производството е иста како и кај обичните домати. Значи, генерално може да се каже дека постојат сорти многу отпорни на болести, а и сорти кои мора редовно да се заштитуваат. Потребно е да се знае дека семето од хибридните сорти не е препорачливо да се употребува во наредната година бидејќи родноста ќе биде минимална. Затоа, за најдобрите хибриди кои имаат и до 150 плодови на китка семето мора да се набавува секоја година.

Слаба заинтересираност за чери-домати
И покрај низата позитивни особини, кај нас заинтересираноста за производство на чери-домати од страна на производителите сè уште мала. Според изјавите на некои производители кои веќе нај,авуваат одредена заинтересираност за производство, за поголемо производство, покрај одгледувањето, доста е отежната и бербата.

Бидејќи плодовите се ситни, потребна е и поголема работна сила. Засега главно чери-доматите се одгледуваат во домаќинствата за домашни потреби и сосема малку за продажба. Многу подобро би било земјоделските производители кои се занимаваат со градинарство и имаат повеќечлена фамилија да започнат со производство на чери-домати за продажба на пазари бидејќи исплатливоста ќе им биде повисока, а нормално и профитот поголем.

Чери-доматите содржат: бета каротин (жолтите), ликопен (црвените), а црните антоцијани. Сите три вида се јаки оксиданси. Ликопенот може да се внесе во организмот само со домат. Сите домати содржат ликопен, но цревените чери-домати го имаат најмногу.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close