вести

Ајварот главна атракција во Москва

(Oвој напис е објавен на: март 28, 2018)

ajvar

Лутеница, пинџур, пиперки со урда, гамби, печени пиперки во тегла, корнишони, слатка, мармалади од смокви и лубеница, македонско гравче во тегла, ѓувеч, се производите изложени на „Денови на македонската зимница“ во Москва.

Иако интересот за нив е голем, хит за руските трговци и дистрибутери е ајварот.

– Промотивниот настап на македонските преработувачи на зеленчук и овошје само потврди дека руските и граѓаните на земјите од Евроазиската унија во иднина ќе имаат можност многу повеќе да купуваат македонска зимница, велат од Македонско-руската стопанска комора.

Манифестацијата се одржува од 25 до 28 март во комплексот „Фуд сити“. Ја организираат Македонско-руската стопанска комора и Македонската асоцијација на преработувачи со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, а учествуваат пет македонски компании: „Вори“ и „Випро“ од Гевгелија, „Ларс“ од Штип, „Дим комерц“ од Нов Дојран и „Аграр Ко“ од Кочани.

Претставници на компаниите денеска одржаа билатерални средби со руски бизнисмени, а на промоцијата присуствуваа и трговци од Казахстан, Ерменија и Грузија, претставници на Евроазискиот деловен сојуз, како и Димитри Бистров, регионален директор на одделот за меѓународна соработка на Стопанската комора на Руската Федерација.

Бистров вети целосна поддршка за поголем влез на македонски производи на рускиот пазар од страна на најголемата деловна мрежа во Русија.

– Драго ми е што македонските производители и преработувачи доаѓаат најмалку двапати на саемски манифестации во Русија. Тоа е патот и за поголем пласман на стоки на овој пазар. Потребни се почести средби и радува фактот што тоа и се случува, рече Бистров.

Во „Македонски дом“ и во најголемиот земјоделски кластер во Москва дојдоа претставници на македонската конзервна индустрија, која е целосно извозно ориентирана, но за жал засега малку присутна во Русија, состојба која очекуваме брзо и наскоро да се промени.

-Битно е што размената со Руската Федерација и на стартот од годинава продолжува да расте, особено македонскиот извоз, а нашите напори се тој тренд да продолжи со доаѓање нови производи за руските потрошувачи, истакна извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев.

Според Сашо Ристовски, секретар на Македонската асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук (МАП), лани 32 членки на деловната асоцијација извезле вкупно 45.000 тони конзервирано овошје и зеленчук пред се во западноевропските и прекуокеанските земји, а од тоа само 121 тон во Русија.

– Во МАП не сме задоволни со ваквите бројки и заедно со Македонско-руската стопанска комора ќе се обидеме далеку поголем број конзервни производи да се најдат на овој пазар. Денешната средба е само прв чекор во тој правец, додаде Ристовски.

Македонските претставници од конзервната индустрија имаа средби и со бизнисмени и сопственици на трговски ланци од дел од земјите на Евроазиската унија и со трговци од одделни руски региони.

– Нашите две држави имаат моментални политички проблеми, но ние треба со економски средства да придонесеме тие да се надминат. Ние сме заинтересирани, не само за увоз на македонски производи, туку и за соработка во областа на туризмот, порача Александар Михајлов, директор на „Козачкиот дом“ во „Фуд сити“.

Македонските бизнисмени вчера посетија повеќе трговски маркети во Москва: „Ашан“, „Магнолија“, „Верна универзум“, „Патерочка“, „Азбука вкуса“…, се запознаа со асортиманот, начинот и основните услови кои треба да ги имаат и македонските производи за да се најдат пред руските потрошувачи.


 

независен.мк

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close