fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Официјално календарски пристигна зимата

Денес понеделник 21 декември 2020 година, во 5 часот и 19 минути, во Македонија и на северната полутопка почнува зимата, а на јужната полутопка започнува летото.

Денес понеделник 21 декември 2020 година, во 5 часот и 19 минути, во Македонија и на северната полутопка почнува зимата, а на јужната полутопка започнува летото.

Воедно, неделата на северната полутопка ќе биде најкраткиот ден во годината (краткоденица или зимски солстициум), а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден (долгоденица или летен солстициум).

Во Македонија, најкраткиот ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (21.12-22.12), ќе биде најдолга за 2020 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути.

Веќе од вторник (22.12), ноќите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат деновите и тоа до 21 јуни 2021 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close