fbpx
ВестиТоп вести

АКО ДРЖАВАТА НЕ НИ ПОМОГНЕ, ОВЦАТА ЌЕ ЈА ИМА САМО ВО ЗООЛОШКА, РЕКОА СТОЧАРИТЕ НА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ

Ако државата не им помогне на сточарите, овцата ќе ја има само во зоолошка градина, беше кажано на денешниот протест во Велес.

Сточарите од земјава денеска на пладне протестираа пред подрачната единица на Министерството за земјоделие во Велес. Не беа само од Велешко, ги имаше и од Кочанско, Овче Поле, Прилепско, Преспанско. Сите тие се незадоволни од откупот на јагнето, откупната цена и од неисплатените субвенции за дел од сточарите.

Претставниците на сточарите вчера имале средба во Министерството за земјоделие со две барања: поради ниската откупна цена, државата да интервенира со дополнителна мерка со која ќе се доплати разликата помеѓу производната и пазарната цена на јагнето, а за сточарите кои не добиле субвенции, да се забрза постапката.

„По завршувањето на откупот на јагнето, ќе се анализираат податоците, а по вториот круг од претседателските избори, Министерството ќе излезе со соодветно решение, со цел сточарите да не трпат загуби. Во однос на неисплатените субвенции, Министерството за тоа ќе ја извести Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Сите јагниња во претстојниот период ќе бидат откупени“, кажа раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделие во Велес, Зоран Наков, објавува сдк.мк.

извор: сдк.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close