fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Претежно сончево и значително потопло

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степени Целзиусови.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и значително потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде сончево и потопло. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.Стабилно и значително потопло ќе биде и утре, а од среда попладне ќе биде нестабилно во западните делови. Во деновите кон викендот повремено ќе има услови за пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер и во останатите делови од земјата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close