fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

АКО НЕМАШ ЗА СИРЕЊЕ, КУПИ УРДА – Инфлацијата најсилно удира врз сиромаштијата

Се стесни изборот откако бранот поскапувања ги зафати цените на храната, пред се на млечните и на земјоделските производи.

Истата солидарност што ја бараат од успешните компании во време на криза, властите треба да ја манифестираат со откажување од судски „наметнатите“ 78 проценти, а парите да се прераспоредат и да се насочат кон стандардот на граѓаните, кој со растот на цените е втурнат во слободен пад

Ако немаш за сирење, купи урда. Се стесни изборот откако бранот поскапувања ги зафати цените на храната, пред се на млечните и на земјоделските производи. Во летниот период ситуацијата ја вадеа зелените пазари, кои имаа поволно влијание врз инфлацијата. Работите сега се променети или изместени. Дали е до временските услови и обилните дождови, дали е до намаленото домашно производство, дали е до недостигот од работна сила…, цените се невообичаено високи, на ниво на зимските. Затоа и се зголемува расчекорот помеѓу потребите и можностите. Стандардот на добар дел од населението не е ниту за на пазар.

Листата на намирници со повисоки цени – млеко, јогурт, сирење, кашкавал, месо и месни преработки, овошје, зеленчук… и засега е долга, а според најавите ќе следи она познатото – продолжи ја низата. Едноставно, од идниот месец следуваат нови поскапувања, зашто со законските измени двојно ќе се зголеми, од пет на десет проценти, ДДВ за одредени производи.

Досегашните владини мерки немаа ефекти, велат економистите, чиј впечаток е дека власта во однос на инфлацијата делува дезориетирано. Односно, Народната банка е оставена сама да се справува со горливиот проблем.

Незадоволството е општо, па оттаму и серијата протести кои, се чини, ќе бидат и почести и помасовни. Струја, греење, храна, сметките се зголемуваат, примањата стагнираат. Сосема се изгубени во трката со поскапувањата.

Бројките се сурови. Во јули е измерена инфлација од 8,4 проценти, а минималната синдикална кошница изнесувала 48.620 денари. Речиси половина од тоа, односно 44,6 отсто се за храна. На другата страна од вагата се месечните примања: просечна пензија 19.106 денари, минимална плата 20.175 денари, просечна плата 36.465 денари. И, секако, платите на функционерите, поголеми за речиси 80 проценти Извор .https://pari.com.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close