fbpx
ВестиМакедонија

Акумулацијата Козјак се наоѓа на ниво од 442 м.н.в, 7 метри над минимумот

Езерото Козјак е изградено како основа за заштита на Скопје од поплави и за производство на електрична енергија, преку Хидроенергетскиот систем Треска на АД ЕСМ, и се користи соодветно на тие цели.

Како и сите други водни површини во државата, во текот на 2020 година и езерото Козјак беше погодено од сушен период каков немаше во претходните најмалку 15 години.
Езерото Козјак е изградено како основа за заштита на Скопје од поплави и за производство на електрична енергија, преку Хидроенергетскиот систем Треска на АД ЕСМ, и се користи соодветно на тие цели.
Нивото на езерото Козјак, согласно водостопанската дозвола за производство на електрична енергија, мора да се движи меѓу котите од 435 мнв до 459 мнв и во моментов е на ниво од 442 мнв., односно 7 метри над минимумот, со исполнетост од околу 25 проценти.
Езерото Козјак претставува природа затворена со брана изградена од човекот. Поради тоа, езерото Козјак нема форма на басен со правилен облик, туку има влезни површини каде водата покрива одредени делови помеѓу околните карпи.
Затоа во време на низок водостој некои влезни делови оставаат впечаток како акумулацијата да е празна или исушена.
Во време на висок водостој тие површини се покриени со вода и акумулацијата има сосема друг изглед.
Средината на февруари е период кога езерото е природно на ниска кота, бидејќи дотоците почнуваат со пролетта и тогаш ќе биде потребен слободен простор во акумулацијата за прибирање на пролетните води, без настанување преливи кои би можеле да ги загрозат Скопје и околината.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close