fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Алармантно-Се помалку корисници на воени и земјоделски пензии

Земјоделската пензија просечно изнесува 10.991 денари

Податоците на Министерството за труд и социјална политика покажуваат дека бројот на пензионери во месец март годинава достигнал 338.336 лица. Пиртоа најголем дел од нив се пензионери кои се стекнале со пензија по основ на години, поточно добиле старосна пензија и тоа по работен стаж, пишува faktor.mk

Бројките говорат дека иако има раст на бројот на пензионери во нашата земја, имаме се помалку приматели на земјоделска и воена пензија.

Пензиите во нашата земја се поделени во пет категории. Имаме семејна пензија чиј просек изнесува 16.707 денари, потоа инвалидска пензија со просечна пензија од 18.818 денари. Старосната пензија достигнува просек од 22.826 денари, додека земјоделската просечно изнесува 10.991 денари. Воената пензија има највисок просек од 29.943 денари.

Податоците на Министерството за труд и социјална политика откриваат дека во Македонија има 2,861 лице кои примаат пензија поголема од 57.487 денари, и најголем дел од нив или 2,758 својата пензија ја стекнале со влегување во законски утврдените рокови за пензионирање при што добиваат старосна пензија.

Семејна пензија со висина над 57 илјади добиваат и 74 лица, додека пак, 29 лица добиваат инвалидска пензија која ја наминува споменатата сума и спаѓаат во категоријата приматели на најголеми пензии.

Иако во Македонија од година во година има се повеќе пензионери, бројките покажуваат дека имаме се помалку приматели на земјоделска и воена пензија. Бројките кои ги објави Државниот завод за статистика говорат дека за период од пет години во земајва бројот на пензионери се зголемил за 20.536 приматели на пензија. Па така ако во 2018 година имало 317.278 пензионери, во 2023 година пораснале на 337.814.

Сепак, и покрај растот на вкупниот број на пензионери има значително намалување на бројот на пензионери кои се приматели на земјоделската и воената пензија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close