fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Добиточната храна е 70% од производните трошоци, сточарите оставени без земја од државата главно ја купуваат

За сточарите темелот на нивната работа е сточната храна.

Секое земјоделско производство има некоја основа на која се темели целата рентабилност и профитабилност. За сточарите темелот на нивната работа е сточната храна. Познат е фактот дека за да се обезбеди една крава со сточна храна за цела година потребни е нива од еден хектар. Сето ова кога ќе се помножи со бројот на грла кои ги има сточарот во фармата произлегува дека на прсти можат да се избројат таквите фармери кои имаат доволно површини и самите си ја произведуваат храната која им треба за цела година. Иако се ветуваа низ годините наназад специјални јавни огласи за поделба на земја токму за сточарите сепак до тоа никогаш и не дојде и не се поставија сточарите на вистинското место во целиот земјоделски сектор туку како и сите други па дури и во конкуренција со оние на кои земјоделството им е викенд хоби конкурираа на јавните наддавања и ретко земаа земја колку што навистина им треба. Резултатот може да го видиме насекаде околу нас а тоа го покажуваат и официјалните бројки кои покажуваат дека стока има се помалку и производство на производи од животинско потекло има се помалку. Еден од ретките кој се зафати со бројлерско производство е Тони Димевски кој со своето производство не може да им пркоси на се поголемиот увоз кој годишно достигнува веќе и до фантастични 40 милиони евра одлив на девизи со тенденција на пораст од 3% секоја година.

-Ние имаме сопствени површини од околу 5 хектари и тие се засени со пченка а бидејќи тоа не ни е доволно оти нашите потреби се околу илјада тони годишно ние имаме и договори со земјоделци кои секоја година за нас произведуваат и ни ја продаваат пченката и пченицата од нивните површини за да си обезбедиме доволно храна за пилињата. Имавме голем среќа што годинава имаме доволно храна во време кога заради големата побарувачка од Кина пченката отиде на 17-18 денари за килограм а пченицата и до 15 денари што се цени кои ние не можеме да ги вклопиме во цените на јајцата, пилешкото месо или било кој сточар во своите производи. Хранат нас ни е 70 па во некои случаи и до 80% од севкупниот трошок кој го имаме на фармата и за да имаме стабилна цена преку целата година оваа година ќе ни биде добра поука да се набави навреме храна со договори со земјоделци. Земја не може да се земе од државата. Таа земја што требаше ние да ја добиеме ако сакаше државата може многу лесно да не собере не има таму нивните регистри кои сме тие што сме производители и да ни даде земја бидејќи сега земјата е отидена во рацете на производители трговци кои имаат интерес само да ја продадат храната поскапо а со тоа нас директно не уништува и го уништува сточниот фонд, рече Тони Димевски од живинарската фарма за бројлери од Скопје.

Според пресметките на сите сточари рентабилен е само оној кој има своја евтина храна. Во бројлерското производството пилето за да постигне 2 килограми треба да изеде 4 до 5 килограми храна од чија цена зависи дали сточарот на крајот на турнусот работел за да заработи или само за да ги покрие трошоците. За да се избегнат овие ценовни шокови кои се случија последнава година заради кои дел од фармерите ставија и клуч на врата а други едвај врзуваат крај со крај во надеж дека ќе се сменат состојбите па ќе заработат нешто за да го покријат и исплатат овој кризен период, потребно е сточарите конечно да добијат земја за да можат да си произведуваат храна за потребите на фармата и на тој начин да се зајакне оваа клучна гранка во земјоделството која преку финалните производи од животинско потекло прави додадена вредност, помага да се намали увозната зависност, да се отвораат нови работни места во руралните средини, да се обработуваат нивите и расте сточниот фонд.

Тим на Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close