fbpx
Вести

Албанските краставици ја уриваат цената на македонските

krastavici

Државниот инспекторат за земјоделство отрки неправилности кај откупувачите и се закани со одземање на лиценците.

Проблемите со кои со години се соочуваат производителите на градинарски култури, кулминираа на почетокот на откупната сезона на раноградинарски култури и ако не се отстранат може сериозно да му наштети на производството наредните години, велат од здруженијата на земјоделци. Според нив, на самиот старт на откупната сезона се нудат ниски цени кои не ги покриваат основните трошоци за производство и не се почитуваат законските обврски за неделна откупна цена.

Земјоделците се жалат дека слабиот откуп и ниската цена на краставицата се резултат на тоа што трговците веќе увезле краставици од Албанија, и на тој начин ја рушат цената на домашното производство.

– Зелката на откупните пунктови се зема по цена од 10 денари, а краставиците од 12 до 15 денари. Овие цени не ги покриваат ниту основните тошоци кои за краставицата се некаде околу 20 денари по килограм. Ако сега на почеток на откупната сезона краставицата се откупува по цена која не ги покрива ни основните трошоци, тогаш што ќе биде подоцна кога ќе дојде поголемиот дел од производството за продавање – вели Ристо Велков од Сојузот на синдикати на земјоделци.

Со ваквите цени, вели Велков, само може да се влијае на замирање на градинарството во земјава.

– Младите веќе не сакаат да ја работат оваа работа. Не се подготвени да работат по цел ден на нива и ништо да не заработат, затоа сè повеќе имаме празни пластеници и куќи бидејќи населението се откажува од земјоделието и се иселува – вели Велков.

Според него, за подобрување на состојбата треба поголем интерес и знаење од страна на институциите и изготвување стратегија која ќе обезбеди услови за развој на земјоделството а не негово уништување.

Револтирани од ниските откупни цени и манипулациите од страна на откупувачите, земјоделците деновиве побараа поголемо ангажирање на инспекторите на терен.

– Во рок од неполни две недели откупната цена на пролетната зелка од 40 падна на 10 денари. Краставицата се откупува по смешна цена. Откупувачите се играат со нас како сакаат, никој не ги контролира – вели земјоделец.

Неправилности во откупот на зелката веќе отрки Државниот инспекторат за земјоделство и најави одземање на лиценци на неколку од нив.

– Државниот инспекторат за земјоделство останува на терен за да не се искористува и злоупотребува трудот на земјоделците – изјави вчера директорот на Инспекторатот, Цветан Трипуноски.

Досега од струмичко се извезени околу 12 илјади тони пролетна зелка, пред сè за источно европските пазари.


 

инфоплус.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close