fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Албанските овчари веќе не ги пасат македонските, туку грчките овци

 

Поради незаинтересираноста на младите да се занимаваат со оваа професија во последниве години на македонските пасишта сè почесто можат да се сретнат албански овчари. Но поради повисоките плати и подобрите услови во Грција во последно време и тие почнаа да ја избегнуваат Македонија. Поради тоа, сточарите размислуваат да ги симнат овците од планините и да се преориентираат на шталско чување

Сточарите во Македонија мака мачат да најдат овчар, иако нудат плата од 500 евра. Последниве години овој проблем го решаваат со ангажирање на овчари од Албанија. Од Сојузот на овчари на Македонија повеќе од две години од Министерството за труд и социјална политика бараат дел од лицата кои примаат социјална помош, а кои се работоспособни да се обучат и да работат како овчари и мандраџии, но оттаму уште немаат одговор.

Претседателот на Сојузот на овчари, Никола Георгиев за весникот ВЕЧЕР вели дека нашите овчари за повисоки плати одат да работат како овчари во Германија и Швајцарија, а овчарите од Бугарија, пак, одат во Шпанија. Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

Извор: вечерпрес.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close