fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Алтернатива: И три години по поплавата не се обештетени земјоделците од Арачиново и Сингелиќ, важно има пари за тие од Струмица

ВИДЕО-Според партијата, индикативно во случајот е зошто земјоделците од Струмица, градот на премиерот, и Преспа, зоната од каде доаѓа министерот за земјоделство, можат да бидат обештетени, што не е само скандал, туку и повеќестрана дискриминација со знаци на корупција, но не и тие од Арачиново и Сингелиќ.

Три години по поплавата во Сингелиќ и Арачиново земјоделците сѐ уште не се обештетени, обвини Алтернатива по средбата на лидерот на партијата Африм Гаши со земјоделци од тие места. Од партијата обвинуваат за дискриминација, бидејќи како што велат премиерот Зоран Заев се грижи само за обештетување на земјоделците од Струмица, од каде што потекнува тој.

– Како што нé нформираа земјоделците, по поплавата во оваа област во 2018 година, кога беа оштетени многу земјоделски земјишта и беа целосно уништени многу земјоделски култури, Владата вети дека ќе ги  обештети. Сепак, поминаа скоро три години и тоа не се случи. Дури и покрај ветувањата од СДСМ во последната изборна кампања, сепак ништо не се смени. Во меѓувреме, обештетени се земјоделците од Струмица од поројните дождови и градот во јули 2018 година и земјоделците од Преспа, кои беа оштетени од дождовите и градот во мај 2019 година. Ова е причината што овие земјоделци, далеку од политичките и етничките идентитети, им се обраќаат на политичките партии за да бараат поддршка за нивното право – велат од Алтернатива.

Според партијата, индикативно во случајот е зошто земјоделците од Струмица, градот на премиерот, и Преспа, зоната од каде доаѓа министерот за земјоделство, можат да бидат обештетени, што не е само скандал, туку и повеќестрана дискриминација со знаци на корупција, но не и тие од Арачиново и Сингелиќ?

– Не треба да се заборави дека во минатата недела министерот за земјоделство беше протагонист во аферата на трошење 23.000 евра за три месеци само за храна и кафе. Гледано од положбата на земјоделците, не може а да не се сомневаат дека овој министер се однесува со нивните пари како да се негова приватна сопственост и можеби овие трошоци се и адреса за прашањето зошто земјоделците од Сингелиќ и Арачиново не се обештетени – велат од Алтернатива и додаваат дека Гаши, кој е и пратеник од овој регион, им ветил на земјоделците дека ќе се посвети на решавање на нивниот случај.https://24info.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close