Магла на патиштата кај Кула, Велес, Неготино, Скопје, Тетово, Гостивар, Битола…

(Oвој напис е објавен на: February 7, 2017)

Магла со видливост од 50 до 200 метри има кај Кула, Велес, Неготино, Скопје,  Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Кочани, Штип и Павлешенци, информира Авто мото сојузот на Македонија.

magla pat_0

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

N353_magla_pat_web

 

Како безбедно да возите во услови на магла

Маглата како појава ни е добро позната во текот на зимскиот период во нашата земја, а со тоа и маката која таа ни ја создава во сообраќајот. Овој тип на метео услови знае да биде исцрпувачки за возачите бидејќи бара особено внимание. Сепак постојат начини како да си го олесните возењето во магливи услови, а со тоа и самите да си помогнете и да заштедите на нерви и време. Еве на што да обрнете внимание:

Густата магла се појавува пред се во текот на утринските и вечерните часови. Затоа подолгите патувања кога е најавена магла планирајте го во пладневните часови. Имајте на ум дека при возење низ планински предели, видливоста може рапидно да се намали на многу мало растојание.

СЕКОГАШ ПРЕД ПОДОЛГ ПАТ ПРОВЕРЕТЕ ЈА ВРЕМЕНСКАТА ПРОГНОЗА!

Зголемете го растојанието помеѓу возилата. Вообичаено во нормални услови се препорачува 2-3 секунди растојание од возилото пред Вас. Но кога возите во услови на намалена видливост и магла ова растојание треба да го зголемите најмалку 2 пати. Брзината треба да ја намалите дури и под ограничувањето на патот. Особено важно е да знаете дека и при возење на автопат брзината на движење треба да ја намалите далеку под ограничувањето за да го зголемите времето на реакција, доколку тоа е потребно.

Маглата всушност е низок облак составен од ситни капки вода. Овие капки на вода се собираат на стаклата од возилото и поради тоа се намалува видливоста низ самите стакла. Вклучете ја вентилацијата на стаклата. Во услови на магла и на температура под точката на мрзнење треба да се вклучат и греачите на задното стакло, но и греачите на фаровите (доколку автомобилот го има овој додаток).

greaci_stakla

 

Во никој случај не го вклучувајте го внатрешното циркулирање на климатизерот од возилото! Така само ќе го зголемите ефектот на замаглување на стаклата.

Користете ги магленките доколку Вашето возило ги поседува. Магленките го насочуваат снопот на светлина ниско до самиот пат! Сепак користењето на магленки не значи дека треба да ги исклучите „средните“ светла. Истите треба да се „наведнати“ со насочен сноп кон патот.

maglenki

 

Кога температурата е под 0°С во услови на магла се јавува феноменот на т.н. мрзнечка магла. Во такви услови многу е голема веројатноста дека на самиот коловоз има слој од тенок мраз! Оваа појава е особено изразена на мостовите!

Кога видливоста е намалена, користете го сетилото за слух. Колку и да звучи чудно сепак ова не е шега. Исклучете го радиото во автомобилот, подотворете ги прозорците и слушајте што се случува околу Вас.

Користете ја граничната линија на патот како ориентир и не се престројувајте без потреба и задржете го правецот.

Ако гледате дека условите за возење се под безбедниот минимум, застанете! Не заборавајте да вклучите „4 трепкачи“ за да го обеележите Вашето возило за другите возила.

4_trepkaci