fbpx
Вести

АЛТЕРНАТИВЕН НАЧИН НА ЗАРАБОТКА: Ова е најскапиот зачин во светот а оваа земја почна нагло да го произведува

Авганистанските власти сакаат на земјоделците да им понудат алтернативен начин на заработка.

Така , наместо да одгледуваат мак, од кој се добива опиум, им нудат да се свртат кон најскапиот зачин на светот.

Производството на шафран оваа година во земјата пораснало на рекордно ниво, околу 13 тона, соопштило министерството за земјоделство. Официјалните бројки покажале дека производството на шафран се зголемило на 6 200 хектари во 2018та година, што е зголемување за 22 проценти во однос на минатата.

Повеќе од 6 600 работници се обучени за производство, преработка и пакување на зачини оваа година.

-Земјоделците кои одгледуваат шафран имале околу 17 милиони долари од продажбата на шафран, а 90 отсто од авганистанскиот шафран се извезува-пренесуваат странски медиуми.

Деликатниот зачин со векови се користи во разни кујни и во производство на парфеми. Шафранот е наречен и „црвено злато“ бидејќи многумина се потпираат на негово производство. Се продава и по цена од 1500 долари по килограм на западните пазари.

-Почнуваме со работа на нива пред излез на сонцето и секој од нас може да собере околу 4 до пет килограми шафранов цвет-рекол 16 годишниот Јома Кан, еден од 156 000 сезонски работници кои помагаат при собирање на зачинот. Работниците заработуваат околу 1 долар на час.

Зачинот се извезува во 17 земји (воглавно во Кина, Индија и Персискиот залив, како и Европската унија и Северна Америка, според податоци на Министерството за земјоделство.

Претставници се трудат да ги одвикнат потрошувачите од високо профитабилна трговија со опиум. Одгледувањето на мак и понатаму покрива 263 000 хектари во Авганистан, што е речиси 90 отсто од светското производство на опиум.


 

faktor

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close