fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Зелена берза со детали за третиот сет мерки за земјоделците – 2 % каматна стапка за купување на трактори и механизација поддржува кредитната линија преку Развојната банка предвидена со третиот сет мерки на Владата

Два проценти  каматна стапка за купување на трактори и механизација поддржува кредитната линија преку Развојната банка на Р.С. Македонија предвидена со третиот сет мерки на Владата. Ова денеска на прес конференција го објави министерот за земјоделство Трајан Димковски, одговорајќи на прашање на „Зелена берза“.

Што ќе поддржува кредитната линија преку Развојната банка на Македонија инвестиции или тековни средства? Дали инвестициите ќе подразбираат трактори и механизација?

За која категорија земјоделци се наменети  кредитите, до кој износ? Со која каматна стапка и на колку години? Дали кредитите ќе ги издаваат комерцијалните банки? Кој ќе има предност и од кога ќе започне аплицирањето?

-Се работи за производство на земјоделски производи каде што се поддржува набавка на тековни средства за растително и сточарско производство, како и за нова земјоделска погонска и приклучна механизација. Така да, тракторите се влезени. Кога напоменавме за преработки на земјоделски производи тука поддржуваме набавка на основни и тековни средства, како опрема за преработка, изградба и купување, или реконструкција на објекти кои се користат за складирање, откуп на земјоделски производи за преработка, амбалажа, етикетирање и др.

Кога зборуваме за извоз на земјоделски производи и нивни преработки тука се поддржува повторно набавка на тековни и основни средства како што се разладни уреди, машини за калибрирање и пакување, изградба на нов или купување на објекти, постбербени активности, откуп на примарни земјоделски производи наменети за извоз или пак преработени земјоделски призводи наменети за извоз.

Два проценти каматна стапка, максималниот износ е 500 000 евра, и други олеснителни околности за обртни средства од 12 на 24 месеци. За другите набавки во инвестиции и градби од 5 на 10 години е зголемен периодот на  враќање на кредитите. Ова се поволностите коишто можат да ги користат сите фирми во земјоделскиот сектор, појасни министерот Димковски.

А.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close