fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ангелов до земјоделците-Немојте со плински боци да ги бркате птиците

Од Центарот за управување со кризи велат дека потврден е ваков случај и ги повикуваат земјоделците да запрат со овие активности во време кога државата се соочува со огнени стихии и со месеци се вложуваат натчовечки напори за справување со пожарите.

Уреди со плинска боца што произведуваат звуци за да ги бркаат птиците кои го уништуваат родот на земјоделските посеви, се сериозна опасност да предизвикаат пожари на отворено, кои потоа се шират со огромна брзина и зафаќаат шумиски предели.

Од Центарот за управување со кризи велат дека потврден е ваков случај и ги повикуваат земјоделците да запрат со овие активности во време кога државата се соочува со огнени стихии и со месеци се вложуваат натчовечки напори за справување со пожарите.

-Имаме потврден случај кога дошло до експлозија на плинската боца од која уредот зема плин за да ги испушта пукотниците. Притоа се појави пожар, кои поради брзата интервенција на пожарникарите беше совладан и не се претвори во голем пожар – рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Исто така, од Центарот предупредуваат на опасноста од соголените или олабавени жици на електричните столбови, кои можат да бидат причина за искрење и пожари, посебно во селата и викенд населбите, кои ретко се населени.

Во меѓувреме, додека се бараат причините за пожарите кои проголтаа илјадници хектари шуми, имоти и куќи на граѓаните, постојано се разгоруваат нови. Во текот на денот под контрола е ставен пожарот над Косел Охридско, каде од утрово се делуваше и од земја и од воздух, но неповратно е изгорена голема површина дабова и борова шума.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close