fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Анкета: Од Македонија би заминале 42 отсто од граѓаните

Најголема подготвеност да заминат покажале помладите и оние кои завршиле факултет, покажуваат резултатите од истражувањето на „Галуп“.

Четириесет и два отсто од македонските граѓани би заминале од земјава доколку им бидат обезбедени сите потребни документи. Најголема подготвеност да заминат покажале помладите и оние со повисок степен на образование – универзитетско, покажуваат резултатите од истражувањето на „Галуп“.

Процентот на граѓани кои би сакале да заминат од земјава е повисок од светскиот кој изнесува 36 отсто. Ако, пак, се погледнат земјите во регионот, голема подготвеност за имиграција над светскиот просек покажуваат испитаниците од Босна и Херцеgовина каде 48 отсто се изјасниле дека би заминале во странство, во Грција каде тој процент е 40, а во Косово 39 отсто.

Помал од светскиот просек имаат Хрватска каде 35 отсто од испитаниците се изјасниле дека би имигрирале, Бугарија со 25 и Словенија 21 процент. Истражувањето не било спроведено Србија и Албанија.

Во светски рамки истражувањето покажало дека еден од три граѓаните сакаат да се иселат од својата земја, а особено младите луѓе со економски потешкотии се меѓу потенцијалните мигранти. Најголема подготвеност за заминување од својата земја покажале испитаниците од Супсахарска Африка и Латинска Америка.

Анализата на резултатите од истражувањето покажува дека главниот фактор за мотивација за имиграција е просечниот приход во земјата, односно колку е тој поголем помала е желбата за заминување и обратно.

Наголем процент граѓани кои се изјасните дека сакаат да заминат имаат Сиера Леоне со 84 отсто, Гана 81 и Нигерија 71 отсто. Најмалку граѓани кои би сакале да ја напуштат својата земја има во Јапонија со 14 отсто, Виетнам 8 отсто и Индија 4 отсто.

Анкетата на јавно мислење, информираат од ГИА, е спроведена во 57 земји кои покриваат две третини од светската популација, и околу 90 отсто од земјите кои се слободни да спроведуваат и објавуваат резултати од истражувања на јавно мислење.

Вкупно 54 329 лица биле интервјуирани на глобално ниво. Во Македпнија, истражувањето го спровела „Брима“, членка на „Галуп“ асоцијацијата телефонски на национален репрезентативен примерок од 800 испитаници. (МИА)

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close