Аплицирајте за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години
За одобрен просек од 0 до 10.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 10.000 денари, за одобрен просек од 10.001 до 20.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 20.000 денари, за одобрен просек од 20.001 до 30.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 30.000 денари, за одобрен просек од 30.001 до 40.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 40.000 денари.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства, кои се корисници по Програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020,2021 и 2022 година и истите не се корисници на останатите подмерки од член 2 ставови 2 и 3 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година.
Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директни плаќања, по Програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020,2021 и 2022 година и тоа:
- за одобрен просек од 0 до 10.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 10.000 денари,
- за одобрен просек од 10.001 до 20.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 20.000 денари,
- за одобрен просек од 20.001 до 30.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 30.000 денари,
- за одобрен просек од 30.001 до 40.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 40.000 денари.
МЗШВ ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ, или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.