fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Аплицирајте за набавка на комбајни за жито преку ИПАРД програмата

Kомбајни за жито во СИНПЕКС Битола! Максималната вредност на прифатливи трошоци е 3 милиони денари.

Објавен е нов јавен повик од програмата за рурален развој!
Аплицирајте за набавка на комбајни за жито во СИНПЕКС! sinpeks-shop.mk/
Максималната вредност на прифатливи трошоци е 3️⃣ милиони денари.
Крајниот рок за аплицирање е 3️⃣0️⃣.1️⃣2️⃣.2️⃣0️⃣2️⃣3️⃣

https://www.ipardpa.gov.mk/

МЕРКА 121 – ИНВЕСТИЦИИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА
ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА
ОПИС НА МЕРКАТА
ПОДДРШКАТА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ
СТОПАНСТВА СЕ РЕАЛИЗИРА ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИОТ
ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО СТОПАНСТВО :

Целта на мерката 121 – „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“ е
подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство
и достигнување на повисоки стандарди од минималните стандарди утврдени со
законите од областа на земјоделството или новововедени стандарди од областа на
земјоделството.
Инвестициите согласно оваа мерка се наменети за зголемување на ефикасноста на
производството преку намалени трошоци за земјоделско производство и
подобрување на квалитетот на земјоделско производство, и/или за достигнување на
повисоки стандарди од минималните стандарди утврдени со закон или за
достигнување на новововедени стандарди согласно со закон и тоа само за оние
инвестиции кои се сметаат за дополнителни инвестиции за достигнување на
минимални стандарди и не доведуваат до зголемување на производниот капацитет

АФПЗРР-СОП-ФО-10
Упатство за корисници на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот
развој 2023
Ноември 2023

ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИОНИ АКТИВНОСТИ И ПРИФАТЛИВИ
ТРОШОЦИ ПО ИНВЕСТИЦИОНИ АКТИВНОСТИ
Прифатливи се следниве инвестициони активности:
– Набавка на комбајни за жито
КОРИСНИЦИ
Општа дефиниција на корисник

За проектите од мерка 121 потенцијален корисник е земјоделско стопанство упишано
во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство, кои имаат минимум 10ха обработлива
земјоделска површина под пченица, јачмен, п’ж, тритикале и/или овес , во
согласност со Закон за земјоделството и рурален развој по следниве основи:

Физички лица:

 Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на
земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
 Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се
стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско
осигурување;
 Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство кој се
занимава со земјоделство како дополнителна дејност;
 Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва;

Правни лица:

 Трговски друштва регистрирани согласно Закон за трговски друштва;
 Земјоделски задруги – регистрирани согласно Закон за задруги

НАПОМЕНА:

-Барателите треба да го ажурираат статусот и податоците на земјоделското
стопанство во Единствениот регистар во земјоделски стопанства и истото можат
да го направат во Подрачната Единица на Министерството за земјоделство,
шумарство и водостопанство.

-Барателите треба да имаат минимум 10ха обработлива земјоделска површина под
пченица, јачмен, п’ж, тритикале и/или овес
АФПЗРР-СОП-ФО-10
Упатство за корисници на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот
развој 2023
Ноември 2023

КРИТЕРИУМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАТЕЛОТ И
МАКСИМАЛНА ВРЕДНОСТ НА ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ .

НАЧИН НА КО-ФИНАНСИРАЊЕ
ОПШТИ ПРИНЦИПИ
Финансирањето од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023
година се врши врз основа на одобрено барање за користење средства од
Програмата и склучен Договор за финансиска поддршка за одобрена
инвестиција. Исплата на средства се врши по целосна реализација на инвестицијата
согласно условите и критериумите за финансиска поддршка. Корисникот на
Програмата во целост е одговорен за реализација на одобрената инвестиција.
Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на реализирани
и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на
одобрените прифатливи трошоци.
Ставката на ко-финансирање се зголемува во одредени случаи, и изнесува:
 55% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени
од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години
старост на денот на поднесување на инвестицијата;
 60% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции во
земјоделско стопанство кое се наоѓа во подрачје со ограничени
можности;
 65% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени
од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години
старост на денот на поднесување кое се наоѓа во подрачје со ограничени
можности.
 75% за инвестиции во недостапни рурални заедници
ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ НА БАРАТЕЛОТ
Тип на
инвестиции Соодветни капацитети
Максимална вредност
на прифатливи
трошоци по корисник
Набавка на
комбајни за
жито
-Набавка на комбајни за жито
до 3.000.000 денари
кофинансирана сума по
поединечен корисник
АФПЗРР-СОП-ФО-10
Упатство за корисници на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот
развој 2023
Ноември 2023

ОСТАНАТИ ПРИНЦИПИ
 Принцип на единечно финансирање – Програмата за финансиска поддршка
на руралниот развој за 2023 година финансира типови на инвестиции кои не се
финансираат од други грант фондови, од Буџетот на Република Македонија
или други фондови од донаторски или финансиски институции, а се со цел да
се избегне двојно финансирање на самата инвестиција.
 Принцип на грант – Поддршката по овој основ подразбира доделување на
неповратни финансиски средства (грант) од Буџетот на Република Македонија.
ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА КОРИСНИЦИ
Избор на корисници се врши со проверка на исполнување на условите за користење
на средства за инвестиции предвидени со мерката 121. Барателите кои ги исполниле
условите за стекнување со право на користење на финансиска поддршка се рангираат
со бодување согласно подолу прикажаната табела. Агенцијата ќе изврши исплата во
рамките на расположливите средства утврдени со Програмата.
Показатели Бодoви
Доколку вкупната вредност на инвестицијата не надминува 1.500.000
денари
15
Доколку вкупната вредност на инвестицијата е помеѓу 1.500.001 денари и
3.000.000 денари 10
Доколку вкупната вредност на инвестицијата е помеѓу 3.000.001 денари и
6.000.000 денари 5
Доколку носителот на земјоделското стопанство односно едно од
одговорните лица на правното лице е на возраст од 18 до 40 години на денот
на поднесување на барањето, или
доколку носителот на земјоделското стопанство односно едно од
одговорните лица на правното лице е жена
20
Доколку носителот на земјоделското стопанство е Индивидуален
земјоделец кој е регистриран согласно Закон за вршење н земјоделска
дејност, односно Закон за пензиско и инвалидско осигурување или е правно
лице регистрирано за вршење на примарна земјоделска дејност
50

АФПЗРР-СОП-ФО-10
Упатство за корисници на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот
развој 2023
Ноември 2023
За да биде прифатлив, корисникот на поддршка за инвестиции во модернизација
на земјоделските стопанства, треба да добие најмалку 51 бод .

Потребни документи Мерка
1
Барање за финансиска поддршка генерирано преку системот за
електронско поднесување на барање на e-baranie.ipardpa.gov.mk
за мерката 121.12
(барањето треба да е своерачно потпишано од страна на
поднесувачот на барањето)
121.12

2
Понуди/профактури со потпис и печат (оригинал) или при увоз на
стока, странската понуда/про-фактура да биде пропратена со
превод од овластен судски преведувач
121.12
3
Деловен план – изготвен согласно Упатсвото за изготвување на
деловен план 121.12
4
Решение / Тековна состојба за упис во Единствениот регистар на
земјоделски стопанства со пријавени производствени капацитети 121.12
5
Решение од ПИОМ за лица регистрирани како индивидуален
земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското
осигурување, решение доколку е регистрирана како
индивидуален земјоделец согласно Законот за вршење на
земјоделска дејност или тековна состојба за правните субјекти
121.12
АФПЗРР-СОП-ФО-10
Упатство за корисници на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот
развој 2023
Ноември 2023

ПОСТАПКА ПРЕД АФПЗР

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close