Аплицирајте за субвенции за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури
Висината на директните плаќања за произведен и продаден предосновен семенски материјал изнесува 20 денари по килограм, а за основен семенски материјал изнесува 10 денари по килограм.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, и кои имаат произведен и продаден предосновен и основен семенски материјал за житни култури во 2023 година, согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.
Висината на директните плаќања за произведен и продаден предосновен семенски материјал изнесува 20 денари по килограм, а за основен семенски материјал изнесува 10 денари по килограм.
Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.