Вести
АПРЗ – Едукација на земјоделците за новата програма за рурален развој
Советници од Агенцијата за развој на земјоделството почнаа со едукативни предавања на терен. На земјоделците од селата во штипско и карбинско им се презентираат мерките за кои ќе можат да аплицираат од новата Програма за рурален развој, која треба да биде објавена деновиве.
Истовремено земјоделците се едуцираат и за условите за осигурување на посевите од штети предизвикани од невреме.
Посебен интерес за финансиска поддршка од државата пројавуваат млади земјоделци, кои сакаат да отпочнат агробизнис – велат од агенцијата. Лани земјоделски бизнис со средства од ова програма започнале осум млади земјоделци во штипско а годинава се очекува нивниот број да се зголеми.