fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

АПРЗ лани советувала 30.950 земјоделци

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) во 2019 година со својот човечки  потенцијал од 88 теренски советници опслужила 30.950 земјоделци

Согласно годишниот извештај на АПРЗ, на земјоделците им бил понуден широк спектар советодавни услуги, а најголем дел стручни совети за растително и сточарско производство.

-Повеќе од 1.800 земјоделски стопанства беа информирани и едуцирани и за нивната обврска за спроведување посебни минимални услови за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина. Исполнувањето на овие услови е важно за земјоделецот за да може целосно да ја користи дирекната поддршка од државата, односно субвенциите, нагласуваат од АПРЗ.

Лани акцент бил ставен и на давање стручна и навремена помош, како и поддршка за правилно и навремено аплицирање за користење финансиски средства од програмите за рурален развој и ИПАРД.

-Во петте јавни повици од програмата за рурален развој што ги објави Платежната агенција, нашите советодавци им помогнале на 1.637 баратели да поднесат барање со комплетна документација и изготвен технички предлог проект. Ваква услуга им беше дадена и на 94 баратели кои сакале да користат средства од ИПАРД програмата. Во соработка со инспекторите на АХВ, наште советодавци по претходно договорен план беа во посета на скоро сите фарми каде што се одгледуваат свињи за да им ги објаснат биосигурносните мерки за заштита од африканската свинска чума, која болест дојде во соседството, но не и во нашата држава, информираат од АПРЗ.

Агенцијата апелира да се почитуваат националните и локалните мерки за борба против корона вирусот, а доколку агро-соработниците имаат потреба од различен вид консултации со нивните советници во работниците единици ширум државата, тоа да го прават по електронски пат или на телефоните во регионалните центри во Битола, Куманово, Струмица, Штип, Тетово и во Скопје.

 

Слични написи

Back to top button
Close