fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Германските маркети тестираат кеси што се јадат направени од зеленчук, овошје, шеќер…

Германските трговци на мало Edeka и Rewe неодамна започнаа со тестирање на кеси кои се јадат, за да ја намалат количината на пластика во своите маркети.

Овие два ланци на малопродажба до новото решение дошле одделно, во соработка со меѓународни компании кои се занимаваат со правење ваков вид на кеси. Поточно, сите производи се наоѓаат во специјални пакети кои се транспортираат во тенки, заштитни па дури и кеси за јадење.

Заштитните кеси на Edeka ги прави американската компанија Apeel Sciences, а оние кои пробале јадливи облици на кеси, истакнуваат дека се вкусни, како и дека се направени од овошје и зеленчук, семиња и природни лушпи.

Оваа кеса не дозволува губење на водата, распаѓање и овозможува храната да остане свежа. Најновите кеси се наоѓаат во избрани продавници, а прво се тестирани на авокадо.

Продавачот на мало Rewe, исто така започна со тестирање на вакви торби, кои се направени од природен шеќер, каши и разни растителни масла, коио ги прави британската компанија AgriCoat NatureSeal. Авокадото во таквите кеси веќе е на пазарот и може да се набави во 860 продавници на трговските ланци Rewe и Penny.

Извор:Денар.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close