Аронија – бобинка која спасува живот
Кога се зборува за кралот на сите видови овошја, се мисли на аронија, на малите темни бобинки кои имаат неверојатно лековита моќ и се далеку подобри дури и од боровинките, капинките и малините.
Изненадени од лековитоста на бобинките, научниците спроведоа многу истражувања и резултатот секогаш беше ист: аронијата е вистински дар од природата и борец против многу сериозни заболувања.
Аронијата може да се користи и како храна, и како лек за:
- подобрување на циркулацијата;
- ја прочистува крвта;
- ја ублажува главоболката и мигрената;
- го намалува крвниот притисок;
- поволно делува на желудникот и цревата;
- ја спречува дијареата;
- го зајакнува имунитетот;
- служи како детоксикант на организмот;
- правилен развој и функција на црниот дроб;
- ја регулира работата на штитната жлезда;
- го намалува шеќерот во крвта;
- ја регулира работата на панкреасот;
- помага за заштита на кожата од стареење и УВ зраци;
- помага за побрзо зараснување на раните;
- помага при атеросклероза и воспалени вени;
- чир на желудник;
- грчеви во стомакот.
Како се употребува
Бобинките имаат специфичен остар вкус, па на многумина можеби нема да им се допаднат, но земајќи ја предвид нивната лековитост, вкусот и не е толку важен.
Може да се користат свежи, во чаеви, во житарици, како додаток во кремови за палачинки, слатки пити, како сок или да се приготват како џем.
Се користат и суви, а и замрзнати плодови.
Аронијата е растение кое не бара посебна грижа, па многумина веќе го одгледуваат во дворовите. Оние кои немаат такви услови, лесно ќе најдат аронија во поголемите маркети и на пазарите.
Дали знаевте дека: По нуклеарната катастрофа во Чернобил, аронијата се користела за ублажување на здравствените тегоби на озрачените лица.