Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Кире Ристевски- Интерпелацијата на Трипуновски беше соочување на факти и аргументи со дневнополитичко сеење на магла од опозицијата

Затоа ние како претставници на тутунопроизводителите јавно го подржуваме министерот Трипуновски и му посакуваме уште поревносно да се бори со сите дубиози со кои се соочува земјоделието за еднаш -засекогаш и навистина да го вратиме тутунопроизводителот и земјоделецот на прво место во државата бидејќи точно ние знаеме дека со него на чело на министерството за овие две години имаме највисоки откупни цени на тутунот и со неговата и подршката на цела влада успешно одолеваме на сите напади со кои се соочува тутунската индустрија на светско ниво.

Вчера на собраниската седница по повод интерпелацијата на Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски бевме сведоци на соочување на факти и аргументи со дневнополитичко сеење на магла од опозицијата, а се со цел за да оние кои до вчера ја водеа владата и ресорното министерство се обидаа со полувистини и лаги да ги изманипулираат земјоделците обидувајќи се да откинат некој глас повеќе од земјоделците, а притоа заборавајќи дека токму тие и не донесоа до ова дереџе каде што со политиките кои ги водеа во земјоделието успеваа да го пробијат секое дно и каде ние како тутунопроизводители и земјоделци бевме приморани повеќе време да поминуваме на протести отколку на нивите, каде што за нивно време мрзневме по откупните и тутунот ни се откупуваше по мизерни цени за разлика од сега.

Но, тутунарите и земјоделците не забораваат и немаат кратко памтење-како што сакаат некои од опозицијата да ги прикажат, бидејќи ако до вчера ти си бил домаќин во куќата и си ја разрушил до темел најмалку имаш право да зборуваш за оние кои почнале да ја поправаат таа куќа. При тоа и да се обидуваш да креираш јавно мислење преку луѓе кои неможејќи да се пронајдат во Македонија и на кои се им смета, а како алатка користејќи ги социјалните мрежи за таму да добиваат нарачани лајкови, а во живо никој и да не разговара со нив или заминале во странство и од таму да викаат од баџа-ура, а при тоа сосема само делумно познавајќи ги состојбите во тутунопроизводството и земјоделството или само потпишувајќи се на некои соопштенија кои ги добиваат од некои центри- не за доброто на земјоделците туку за  лечење на сопствените фрустрации. При тоа заборавајќи ја најважната работа, а тоа е дека сегашните земјоделци се комплетни личности кои се образовани и кои реално ги познаваат работите и точно знаат кој ги лаже а кој работи во нивни и во интерес на Државата ако не беше трагично ќе беше смешно.

Затоа ние како претставници на тутунопроизводителите јавно го подржуваме министерот Трипуновски и му посакуваме уште поревносно да се бори со сите дубиози со кои се соочува земјоделието за еднаш -засекогаш и навистина да го вратиме тутунопроизводителот и земјоделецот на прво место во државата бидејќи точно ние знаеме дека со него на чело на министерството за овие две години имаме највисоки откупни цени на тутунот и со неговата и подршката на цела влада успешно одолеваме на сите напади со кои се соочува тутунската индустрија на светско ниво.

Со почит

Претседател на Сојуз на тутунопроизводители

Дипл.агроном Киро Ристевски

Поврзани новости

Back to top button