Асоцијацијата на земјоделци бара измени во законот за земјоделско земјиште
Земјоделците со реакција до надлежните во делот на распределбата на државно земјиште над три хектари. Сметаат дека има пропусти во измените на Законот, во делот на бодувањето, кое досега им носеше бенефит на земјоделците кои аплицираат за земја во својата општина.
Околу 90% од парцелите во штипско, велат од Асоцијацијата, кои се огласени за прераспределба се од 4 до 6 хектари. За нив нелогично е земјоделците кои конкурираат за овие површини, а повеќето од нив се и почетници во аграрот, да вработат лице и имаат свој трактор.
Од Асоцијацијата на земјоделци бараат корекција на Законот за земјоделско земјиште. Во распределбата на државно земјиште до 10 хектари приоритет да имаат жителите на општината каде земјиштето се нуди на оглас и за нив да не важи исполнување на условот за вработен и сопствен трактор. Последниот оглас за распределба на 370 хектари државно земјоделско земјиште во штипско беше поништен.