Аутлетот за храна, плати едно земи две – можност за поевтино да помине месецот
Бранот на поскапување изминатиов период дополнително им ги истенчи и онака празните џебови на граѓание.
Поевтината храна како дневните и неделните акции во маркетите се одлична можност за заштеда на некој денар.
-Ги следам акциите во маркетите, искрено да ви кажам се случува некогаш за 150 денари да направам ручек.Има и некои продукти кои се наменети за некои празници или период во годината како зимници, кои може да си ги купите за поевтини пари и да заштедите 10, 15 денари зависи од производот, вели скопјанката Александра.
Доста популарна меѓу граѓаните е и аутлет продавницата за храна во која се продаваат производи на кои рокот на употреба е при крај.
Храната во овој маркет е до 70 отсто поевтина од супермаркетите.Оваа продавница е наменета за посиромашните граѓани, а неретко можат да се сретнат и граѓани кои сакаат да си поминат поевтино во месецот.
Се работи за продажба на храна која трговските центри и фабриките поради различни причини не успеале да ја продадат.
-Често пати пазарам од овој маркет, рокот на работите е за ден, два пред истекот, да ви кажам ваков маркет е потребен за граѓаните кои не се во можност да си купуваат храна, вели скопјанецот, Блажо.
Трошоците на живот и индексот на цените на мало, во ноември 2017 година во однос на претходниот месец се зголемиле за 0,2 отсто. Порастот на индексите на трошоците на живот од 0,2 отсто во ноември 2017 година во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на сирењето и урдата за 2,4 отсто, замрзнатото овош је за 1,8 отсто, компирот за 1,5 отсто, оризот, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 1,1 отсто, другите прехранбени производи за 0,9 отсто, другите пекарски производи и месото за 0,8 отсто, млекото за 0,6 отсто, маслото и маснотиите за 0,5 отсто, рибата и морските плодови, цигарите за 0,4 отсто, брашното и другите жита за 0,3 отсто,трбушките, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,2 отсто.