Азески: Извозот да стане врвен национален приоритет
Извозот да стане врвен национален приоритет, ќе порача денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во третото месечно обраќање што го организира оваа институција како дел од своите понови активности.

Азески, кој е и претседател на Националниот совет за извоз, ќе зборува на темата „Извоз, Извоз, Извоз!”. Негови гости ќе бидат академик Гоце Петрески, професорот од Економски факултет – Штип и претседател на Клубот на извозници при Комората Дарко Лазаров, професорот на University College London UCL Славо Радошевич, претседателот на Белгиската стопанска комора Оливер Вилокс, извршниот директор на Тиквеш АД – Кавадарци и потпретседател на Клубот на извозници при Комората Радош Вуќикевиќ, како и генералниот директор на компанијата „Актива” Штип Иле Николов.
-Азески со своите гости нема да зборува за тоа што било, туку за тоа што треба да се направи во иднина, а тоа е – извозот да стане врвен национален приоритет, најавува Стопансаката комора.