Баба Тодорка од Сопот прослави еден век, таа пие какао секој ден, а ракија само за мачакње кога нешто ја боли
Торта со 100 свеќи за Тодорка Митрева од кавадаречкото село Сопот
Тодорка Митрева од кавадаречкото село Сопот денеска прослави 100 години живот. Нејзините најблиски ја изненадија со торта и желби за уште заеднички моменти. Нејзините блиски, внуците од син Сузе Велјанова и Тоше Митревски, кажаа за МИА дека била родена 1921 година во Мала Преспа, а целиот свој живот го поминала во кавадаречко Сопот.
– Подвижна е и бистра со умот. Пред околу 25 години почина дедо ни. Таа живее со нашите родители. Откако ја паметиме, секое утро и почнува со какао. Без разлика кое годишно време е, две печени јаболки и се омилена ужина. За ручек често јаде супа и манџа, домати и пиперки, што и да е, многу ретко месо, открија тие.
Цигари никогаш не пушела, ниту пиела алкохол, пренесува МИА.https://denesen.mk/torta-so-100-svekji-baba-todorka-od-sopot-proslavi-eden-vek-taa-pie-kakao-sekoj-den-a-rakija-samo-za-machaknje-koga-neshto-ja-boli/