fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бабовски: Прво контрола од ветеринар, па вселување на свињи во одгледувалиште

На територијата на цела држава ќе може да се изврши репопулација на свињарските фарми по точно дефинирани услови коишто се пропишани со правилникот,

Во државата нема ниеден регион, ниедна општина каде што се спроведуваат заштитините мерки и во ниеден регион не се во сила мерките што се спроведуваа за заштита и спречување на болеста африканска свинска чума. На територијата на цела држава ќе може да се изврши репопулација на свињарските фарми по точно дефинирани услови коишто се пропишани со правилникот, рече на прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Бабовски нагласи дека и покрај тоа што е тргната забраната за одгледување свињи, сепак, вселувањето (репопулацијата) на свињите во одгледувалиштата на свињи ќе се врши само доколку се исполнети следниве услови:
-Одгледувачот треба да поднесе Барање до надлежното ветеринарно друштво за одобрување за вселување на домашни свињи во одгледувалиштето.
-Вселување на домашни свињи во одгледувалиштето може да се одобри само доколку истото е регистрирано и категоризирано со низок или среден ризик во однос на воспоставени биосигурносни мерки.
-Одгледувалиштето пред вселувањето треба да биде исчистено и дезинфицирано од страна на надлежното ветеринарно друштво на товар на одгледувачот.
-Животните кои се вселуваат треба да потекнуваат од одгледувалишта со среден или низок ризик во однос на воспоставените биосигурносни мерки, да бидат индивидуално идентификувани согласно Правилникот за идентификација и регистрација на животни од видот свињи и да бидат проследени со Сертификат за здравствена состојба на животните.

„Мора да бидеме внимателни бидејќи се работи за доста отпорен вирус и ако не ги почитуваме правилата можно е повторно да дојдеме во ситуација повеќе од една година да се бориме со африканската свинска чума, која може да предизвика огромно штети.“, нагласи Бабовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close