fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бабовски-Со контроли и годинава покриен е целиот синџир на производство и трговија со храна

Како небезбедна инспекторите поништиле над 15 тони храна, а самите оператори уништиле скоро 23 тони небезбедна храна

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски изјави дека Агенцијата како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, преку воспоставениот интегриран систем за контрола, успешно ја заокружи 2021 година. Реализирани се клучните приоритети дефинирани од Владата на Република Северна Македонија за обезбедување на највисоките стандарди за безбедност на храната и храната за животни како и планираните активности на институцијата. Потпишан е Договор за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ со кој меѓу Албанија, Србија и нашата држава, ќе се олесни трговијата со живи животни, храна, добиточна храна, со растенија и други производи.

„Со контроли и годинава покриен е целиот синџир на производство и трговија со храна. Заклучно со ноември спроведени се 43 910 контроли, изречени се 6290 мерки од кои 3919 решенија за отстранување недоследности и 2017 едукации. Поднесени се 47 прекршочни и 19 кривични пријави. Како небезбедна инспекторите поништиле над 15 тони храна, а самите оператори уништиле скоро 23 тони небезбедна храна“ изјави Бабовски и дополни дека донесена е Стратегијата за безбедност на храната и храната за животни за периодот 2021-2025. Тоа е документ, во кој се дефинирани правците за развој на националниот систем за безбедност на храна и храната за животни. ОИЕ го потврди статусот на Република Северна Македонија на земја слободна од болеста чума кај малите преживари (овци и кози).

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close