fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Серафимов: Цената на месото не беше зголемена за Велигден

Свинското месо 300 денари, а полутките 240 денари. 

– Цената на јагнешкото и свинското место не беше зголемена за празникот, велат од Асоцијацијата на земјоделци. Потпретседателот на Асоцијацијата Гоце Серафимов посочува дека цената на јагнешкото месо жива мера деновиве се движи од 230 до 270 денари за килограм, но оваа цена не може да се достигне поради кланичните услуги.

– Месо има, и свинско и јагнешко, цената не е покачена, цената си е иста. Јагнешкото жива мера е од 230 до 270/280 денари, меѓутоа таа цена не може да биде, затоа што јагнешкото дава 55 проценти рандаван. Кога ќе се земат на колење тие работи излегува со кланични услуги околу 600 до 700 денари, вели Серафимов, објави sitel.com.mk

Цената на свинското месо е 300 денари, а на полутките 240 денари.

– Свинското месо е со старата цена, не е зголемена. Можат да си купат свинско месо поголем број граѓани, јагнешкото е малку поскапо и не може секој да си дозволи, вели Серафимов, додавајќи дека во следниот период не се очекува зголемување на цената на местото.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close