Бабовски : Успешно заврши аплицирањето за субвенции во земјоделството
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира земјоделците дека успешно заврши пријавувањето за користење на финансиска поддршка во земјоделството. До петок, ( 31- ви јули 2020), до кога беше и последниот ден за пријавување на земјоделците, барање за добивање на финансиска поддршка во земјоделството поднеле 65,554 земјоделци.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, истакна дека Агенцијата во соработка со Подрачните единици на МЗШВ, и оваа како и минатите години, успешно го реализираа процесот за аплицирање.
„ Аплицирањето се одвиваше електронски. Но, еден дел на земјоделци кои не знаеа сами да аплицираат и оваа година како и минатите побараа помош од вработените во Подрачните единици на МЗШВ. Согласно препораките за превенција од „Ковид 19“ и почитување на протоколитте сите кои исполнуваа услови согласно Програмата за земјоделство поднесоа барања за користење на финаниска поддршка во земјодделството.“ –преку соопштение појаснува Бабовски.
Бабовски, посочи дека Агенцијата заедно со Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и досега и во иднина ќе продолжат да креираат Програми и мерки за развој на агро секторот.