fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пратеници, гласајте за повисоки субвенции за тутунот!

Тони Ангелески со отворено писмо до пратениците- Заради катастрофално ниските цени за откуп на тутунот од годинешната реколта тутунарите бараат да се израмнат сите субвенции по класи на 100 денари.

Тони Ангелески, членот на Иницијативниот одбор на ФБ групата „Тутунари на Македонија“ преку отворено писмо овојпат бара пратениците да гласаат за точката за зголемување на субвенциите за тутунарите. Заради катастрофално ниските цени за откуп на тутунот од годинешната реколата тутунарите бараат да се израмнат сите субвенции по класи на 100 денари.
Добро вечер,
Отворено писмо до сите пратеници што се гласани од народот.
Почитувани пратеници вас народот ве избрал, да го застапувате (народот) во Собрание, ние нашата обврска како граѓани на Република Македонија ја дадовме сега на вас е редот да помогните на нас тутунарите. Се работи за 100.000 народ кој ако и овај пат го извисите, тој исти народ ќе нема да преживе до март.
Затоа почитувани пратеници како народот што ви дал поддршка и ве изгласал за пратеници сега на вас е редот. Пошто вас не ве гласа партијата, народот ве гласа, поддржетеа точката да влези во Собрание за зголемување на сувенциите за предаден тутин, и гласајте за зголемување на сувенциите. Ние како ИО нашиот предлог го знаете, да се израмнат сите субвенции по класи на 100 денари.
Народот ве следи чека да му подадете рака да му помогнете, пишува Ангелески.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close