Бабовски- Во наредниот период се очекува јавен повик за субвенционирање на нето платата за козарите и овчарите
Да, во наредниот период оглас ќе се објави, одговори директорот на Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, на прашањето на „Зелена берза“ кога може да се очекува јавниот повик за субвенционирање на нето платата за козарите вработени во фирми.
-Сите обврски коишто ги имаше Агенцијата по програмата 2019 ги заврши по основните мерки. Се е навремено исплатено. Во текот на минатата недела Владата донесе уредба со законска сила каде што е предвидено поради здравствена заштита на граѓаните да се стопираат роковите коишто се за одредени повици пред Агенцијата. Така да дел од тоа е и ова со козарите. Тие кои што исплаќаат редовно плата на овчарите, односно козарите, во наредниот период ќе имаме оглас, но прво треба државата да ја вратиме во нормала, да почнеме да функционираме, за да се приберат потребните документи. Државата донесе сет мерки кои се однесуваат токму за помош на плати на вработени и во тој дел можат да се обратат и да користат и дел од овие поволности. Да, во наредниот период оглас ќе се објави, потврди Бабовски.