fbpx
Вести

Завршува откупот на тутунот, тутунарите задоволни

tutun

Откупот на тутунот годинава ќе заврши пред истекот на законскиот рок до 15-ти март. Досега се преземени повеќе од предвидените 23.000 тони. Квалитетот е добар, а просечната цена е 217 денари за килограм или за 21 денар повеќе од лани…

Тутунарите се задоволни од годинешниот откуп на тутунот. Досега според државниот инспекторат за земјоделство се откупени повеќе од 23.000 тони тутун, а во наредните десетина дена остануваат да се преземат уште 1.000 тони или нешто малку повеќе отколку што се очекуваше да тежи родот годинава.

Постигната е просечна откупна цена од 217 денари за килограм. Вредноста на откупеното е повеќе од 60 милиони евра, а исплатата се врши според договорите на кооперантите со монополите.

Лани просечната откупна цена беше 196 денари за измерен килограм, што е за 21 денар помала од сегашната.

Субвенцијата за родот 2017-та е 60 денари за килограм за сите класи, а по измените на Законот за тутун се планира да бидат по 80 денари за прва, 70 за втората класа, а за третата и другите класи да остане субвенцијата од 60 денари за килограм.

Откупната кампања според Законот, мора да заврши на 15-ти март.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close