Бачовски-До 21 септември се продолжува рокот за аплицирање за Мерка 3 – инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи од ИПАРД 2 програмата
Буџетската рамка за мерката за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи од ИПАРД 2 програмата е 5 милиони евра со можност за зголемување во текот на јавниот повик.
По укажување на Телото за управување со ИПАРД преку одржаните информативни состаноци, за 15 дена се продолжува рокот за аплицирање на јавниот повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата. Новиот краен рок за аплицирање по оваа мерка сега е 21 септември 2022 година, информираше директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски.
Буџетската рамка за мерката за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи од ИПАРД 2 програмата е 5 милиони евра со можност за зголемување во текот на јавниот повик.
Овие средства се наменети за поддршка на проекти кои предвидуваат инвестиции за преработка и производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук, преработка на житарици, производство на мелнички продукти, растителни производи и масла, маснотии од животни, производство на вино како и проекти кои предвидуваат поставување, односно инсталирање на фотонапонски панели за производство на енергија за сопствени потреби.
Сите заинтересирани апликанти ќе можат да аплицираат со проекти за набавка на машини и опрема за производство и преработка, како и проекти кои предвидуваат поставување, односно инсталирање на фотонапонски панели за производство на енергија од сопствени потреби.
Со искористувањето на европскиот фонд за земјоделство и рурален развој и конкретно мерката 3, сведочиме на изградба и модернизација на многу преработувачки капацитети, винарии, млекари, кланици и останати капацитети, што резултира со конкуретно домашно производство и лансирање на македонски преработки од растително и животинско потекло на домашните и странските пазари.