Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Бачовски до градинарите-Поднесете барање за финансиска поддршка за градинарски култури
Минимум засеана површина е 0.2 ха во производната 2020/2021 година.
Директорот на Платежната агенција со порака до градинарите -поднесете барање за финансиска поддршка за градинарски култури.
Минимум засеана површина е 0.2 ха во производната 2020/2021 година.
Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со следниве градинарски култури.
Домати, пипер, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, пашканат, аспарагус, ротквици, цвеќе и засеани култивирани лековити, ароматични и зачински растенија и за одржување на повеќегодишни култивирани лековити, ароматични и зачински растенија.
Висината на директните плаќања за домат, краставица пипер, компир, цвеќе, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, зелена салата, брокула, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, тиквички, пашканат, изнесува 30.000 денари по хектар, односно 36.000 денари по хектар за површина од 1-5 хектари, а за лубеница, диња, тиква изнесува 6.000 денари по хектар, односно 6.600 денари за површина од 1,5-5 хектари.
Висината на директните плаќања за грав, спанаќ, боранија, грашок, аспарагус, ротквици и засеани култивирани лековити, ароматични и зачински растенија и за одржување на повеќегодишни култивирани лековити, ароматични и зачински растенија изнесува 10.000 денари по хектар, односно 12.000 денари за површина од 1-5 хектари.
Аплицирањето трае до 31 мај 2021
Аплицирајте елетронски на www.ipardpa.gov.mk
директни плаќања е – барање или посетете ја најблиската подрачна единица при МЗШВ