fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски-Има субвенции за органско производство

За 816  лица е исплатен износ во висина од 102.6 милиони денари.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата за мерката за органско производство.
За 816  лица е исплатен износ во висина од 102.6 милиони денари.
Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои пријавиле сертифицирано растително и органско органско производство и производство преод согласно Законот за органско земјоделско производство, или пак имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство, објави Никица Бачовски, директор на Платежната агенција .

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 816 лица со вкупен износ 102.621.983,00 денари за мерката Органско производство за 2021 година.

Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои пријавиле сертифицирано растително и органско  производство и производство преод согласно Законот за органско земјоделско производство или, пак, имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство, информираа од агенцијата.

Појаснуваат дека корисници на оваа мерка се и откупувачи и трговци запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено или, пак, вршат трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло.

Плаќањата за растителното и сточарското органско производство и производство во преод се дополнителна поддршка од 30% до 100% на основните директни плаќања по пријавена површина и пријавени грла.

Директните плаќања за површини наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред се во висина од 3500 денари / хектар.

Директните плаќања за преработка на органски производи и органски производи во преод од домашно потекло се во висина од 10% од вредноста на произведените и продадените производи со максимален износ до 150.000 денари по оператор.

Директните плаќања за трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло се во висина од 5% од вредноста на продадени/извезени производи со максимален износ до 150.000 по оператор.

Директните плаќања за стручна контрола и сертификација ги покриваат трошоците за добиен сертификат издаден од овластено лице во висина од 50%

Директните плаќања анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства кои имаат извршени агрохемиски, педолошки или анализи на остатоци од пестициди и тешки метали и други материи на почва и во органски производи ги покриваат трошоците за анализите во висина од 70%, но не повеќе од 9.000 денари без ДДВ.

За добивање на финансиската поддршката корисниците имаат обврска да достават договори со овластени акредитирани тела за вршење на стручна контрола во органското производство, фотокопии од сертификат за извршена стручна контрола од страна на овластеното акредитирано тело, финансиски документи за продадени производи на домашен пазар или царинска декларација за извоз, платени фактури за стручна контрола и сертификација, како и извештаи од лаборатории за извршените анализи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close