КОНТЕЈНЕРСКО ПРОИЗВОДСТВО НА РАСАД

(Oвој напис е објавен на: April 24, 2019)

rasad

Се поставува леа со должина од 4 м и ширина од 92 см.

Начин на припрема на леата

Се врши тапкање на леата, таа треба да биде нивелирана, израмнета. Се оформува базен со штици (ширина на штиците да биде 15 см) и се поставува црна фолија врз целата леа. На вака оформениот базен се става 250л вода. Во водата се става вештачко ѓубриво НПК(20:20:20), или подобро е да се стави ѓубриво со поголема содржина на фосфор. Дозата на ѓубривото е 1гр/1лит вода. Тоа значи во овој базен се става 250 гр ѓубриво. Во базенот треба да се стави 1 кафено лажиче калиум перманганат за да не се појават алги.

Припрема на тресет:

Се прави смеса на тресет од 50% хумус (органска материја) и 50% перлит (неорганска материја) Хумусот и перлитот треба добро да се измешаат. Добро промешаниот хумус се става во отворите од тацните (тацните може да бидат изработани од морска пена). Отворите се полнат со 2/3 хумус, потоа се прави лежиште за семето, се става семето(1 семка на отвор) и се дополнува со хумус. Вака припреманите тацни се ставаат во претходно припреманиот базен со вода. На леата се става рамка од челични шипки или дрвени прачки а над нив се става агрил (специјално платно за впивање на влага. Над платното се става пластична фолија (најлон). Во текот на развојот на расадот во базенот се дотура вода во количина на потрошената вода од страна на расадот и испарената вода. Во време на повисоки температури се отвараат страничните отвори (калкани) на леата заради проветрување.

Од аспект на ѓубривата подобро е да се користат кристалните ѓубрива кои може да се применуваат и преку системот капка по капка.

Кога се спремаат тацните во кои ќе се засее семето ,во секој отвор се става една семка, а за покрупни може 4 отвори да се спојат во еден. Припремените тацни може да се чуваат во обична просторија, на сонце или во пластеник.

Кога ќе се засадат семињата се прскаат со обични прскалки со вода, се остава на константна температура и влага или 7-8 дена за да прими влага да изр’ти, да пуштата котиледонски ливчиња и потоа се стваат во базенот покриени со најлон.

Добри страни на контејнерското производство на расад се подобар развој на кореновиот систем, здрави , униформирани растенија, полесно и ефикасно расадување, подобро прифаќање на садниците на отворено поле.

 

Петар Трајковски, Советник во АПРЗ

Share Button