fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски-Исплата на средствата за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед

УБАВА ВЕСТ-Исплатени се 1013 корисници во висина од 19.3 милиони денари.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ на подмерката од Интервентниот фонд која предвидува финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед. ✅
Исплатени се 1013 корисници во висина од 19.3 милиони денари.
Досега за оваа подмерка од интервентиот фонд, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој целосно ги разгледа и одобри барањата на 6488 корисници кои имаат добиено финансиска поддршка во износ од над 105 милиони денари. 🤝
Корисници на оваа подмерка сe земјоделски стопанства кои во производната 21/22 година имаат засеани површини со пченица, јачмен и пченка, a кои имаат набавено вештачки ѓубриња за прихрана на посевите во период од 1ви декември 21 до 31 мај 22 година.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close