fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Винска регата в сабота на Тиквешко Езеро

„Винотек“ се залага за промоција на производите од грозје и винскиот туризам во Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата.

Тиквешка винска регата со чамци ќе се реализира во сабота на Тиквешко Езеро, информираа од здружението „Винотек“ од Кавадарци. Оттаму ја најавија и агендата на активности во рамките на регатата по езерото.

– Во рамките на регатата ќе има посета на полошкиот манастир „Свети Ѓорѓија“. Обиколка, разгледување и запознавање со историјата на манастирот од страна на свештено лице. Ќе се посетат и Бегнишкиот залив и карпестата црква „Свети Лазар“. Предвидени се и одмор и релаксација и капење во езерските води. Во план е и посета на споменикот на 12 Ваташки младинци, а ќе се разгледа и манастирот „Свети Никола“ во Ваташа. Свечениот ручек е во манастирските конаци – соопштија од здружението.

„Винотек“ се залага за промоција на производите од грозје и винскиот туризам во Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close