fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Фирдес Ахмет живееме од производство на тутун

-Навремето пред 15-20 години, по 60 денари  го откупуваа тутунот, а сега ти даваат субвенции за прва класа-80, за втора-70, а за трета 60 денари, вели нашата земјоделка.

Фирдес Ахмет(47) е самохрана мајка која што го прехранува семејството само од производство на тутун. Судбината пред две децении ја одвела во карбинското село Радање, како невеста од штипското село Селце. Пред десет години, останала сама со трите деца на кои сега им е и мајка и татко. Деверот и золвата заминале во странство, а таа секој ден, сите овие години води битка за егзистенција надевајќи се дека ќе им обезбеди  достоен живот и подобра иднина на своите три деца – две девојчиња и најмалото машко, на 11 години. Скромна и вредна, пред се храбра, нашата тутунарка вели – Ги  израснав децата од тутун. Кој не работел не знае.

Фирдес порано работела во фабрика, но ја напуштила работата и станала жена – земјоделец. Сама сади тутун на 7 декари.

-Мачно е да станеш во два – три часот наутро, ама таков ни е животот со години. Сега барем се сади машински, а порано садевме со рака и нижевме на игла, но сега само копаме и береме рачно. Од тутунот живееме ние четворицата и со дедото пет души, вели таа.

Нашата тутунарка Фирдес е посебно горда на квалитетот на тутунот од последната реколта.

-Навремето пред 15-20 години, по 60 денари  го откупуваа тутунот, а сега ти даваат субвенции за прва класа-80, за втора-70, а за трета 60 денари, вели нашата земјоделка.

Ахмедови, обработуваат сопствена земја, имаат и трактор, но тој е стар и сонуваат за нов, за побрзо да ги обработуваат нивите со тутун. Досега немаат земено земја под закуп, но затоа аплицирале за нов трактор. Сепак не го добиле. Барањето било на име на нејзиниот свекор, тракторист во поранешниот Земјоделскиот комбинат, сега во пензија. Фирдес пак, одамна  вози трактор и долго време сама со него ги ора семејните ниви.

Јулија Малинова за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close